Американскиот државен секретар Мајк Помпео, за време на средбата со францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан, предупреди дека даноците што Франција ги воведе за дигиталните гиганти „Фејсбук“ и „Гугл“ ќе им наштетат и на граѓаните на Франција.

– Секретарот Помпео ја повика Франција да не го одобри новиот закон за дигитални даноци, што негативно ќе влијае на американските технолошки фирми и на француските граѓани кои ги користат, се вели во соопштението на Стејт департментот по средбата во Вашингтон.