Пет лица, од кои четири деца, настрадаа во пожар кој зафати една куќа во Нирнберг, Германија, соопшти противпожарната служба.

Оттаму информираат дека околу 3 часот добиле повик, а кога пристигнале на самото место, целиот долен кат од семејната куќа бил во пламен.

Во пожарот настрадала 34-годишна жена, бебе и деца на возраст од четири, пет и седум години.

Четири возрасни успеале да избегаат од куќата и биле хоспитализирани со мали повреди.

Се испитува што го предизвикало пожарот.