Вредноста на акциите на Твитер падна за скоро четири проценти откако социјалната мрежа трајно го укина профилот на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп.

Цената на акциите сега е 49,54 долари, што е за 3,77 проценти помалку од петокот, кога изнесуваше 51,48 долари. Официјалната причина за трајната забрана е ризикот од понатамошно поттикнување на насилство од страна на Трамп, пишуваат американските медиуми.

Трамп имаше повеќе од 88 милиони следбеници на Твитер.