Полициската управа на округот Колумбија соопшти дека уште двајца полицајци што на шести јануари биле задолжени за спречување на нападите на американскиот Капитол извршиле самоубиство. Со ова бројот на самоубиствата на полицајците што ја чувале зградата се зголеми на четири.
Стотина приврзаници на тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, се обидоа да го спречат Конгресот да ја потврди победата на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.
На денот на насилствата загинаа четири лица. Меѓу нив и еден полицаец, кој беше нападнат од протестантите. Во нападите беа повредени повеќе од 100 полицајци. Поради насилниот обид да влезат во конгресната зграда биле уапсени 500 лица.
Четворица полицајци на посебниот одбор на Претставничкиот дом во текот на емотивното сведочење минатата недела изјавија дека биле тепани и изложени на вербално насилство и закани, а биле и навредувани на расна основа. Во сведочењето полицајците изјавиле дека се плашеле за сопствените животи, пренесува „Јутарњи лист“.