Прашањето за бројот на приватни авиони во Давос, Швајцарија, за време на Светскиот економски форум, е постојано актуелно, но исто така и комплексно, бидејќи не е лесно да се одговори, пренесува официјална интернет-страница на Форумот.

Врз основа на официјалната статистика за сообраќајот на бизнис-летовите во Цирих и во Сент Гален, се проценува дека бројот на приватни летови во Давос опаднал за 14 отсто во однос на минатата година. Земајќи го предвид просечниот број на очекувани летово во овој период од годината, може да се дојде до претпоставка за 270 летови, односно за 135 повратни летови, кон и од Давос.

Овие податоци во голема мера се разликуваат од извештаите на одредени медиуми кои наведоа бројка од 1.500 приватни летови за време на Светскиот економски форум.

Се претпоставува дека опаѓањето на бројот на приватни летови на учесниците во „Давос“, се должи на нивното земање в предвид на влијанието на летовите врз животната средина.