Најмалку 100 лица настрадаа во поплави предизвикани од поројни дождови што го погодија југозападниот дел на Јапонија. Силните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, па многу жители останаа заглавени поради блокираните патишта, наспроти повиците за евакуација на речиси шест милиони луѓе. Во спасувачките напори учествуваат десетици илјади полицајци, војници, пожарникари и медицински лица. Властите наведуваат дека уште 50 лица се водат како исчезнати и дека е причинета огромна материјална штета.