Властите во Вирџинија, Северна Каролина и во Јужна Каролина издадоа наредба за задолжителна евакуација на над милион граѓани од крајбрежните подрачја поради налетот на ураганот Флоренс. Тој со себе носи ветришта од 225 км/ч и според јачината близу е до категоријата 5, што го прави најсилна бура на југоисточниот брег на САД во изминатите 30 години. На патот на Флоренс се наоѓаат десетина нуклеарни централи и депонии со индустриски отпад