Илјадници луѓе од пет каталонски градови денеска се собраа и се упатија кон Барселона, каде в петок е најавен генерален протест и масовни демонстрации.

Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Слобода за политичките затвореници“, алудирајќи на деветте каталонски претставници, кои се осудени на затворски казни поради улогата што ја имаа во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Шефот на каталонската Влада, Квим Тора, се придружи на еден од маршевите, истакнувајќи дека сака да биде со народот.