Истрагата на Специјалниот совет (или во медиумите попозната како истрагата на Милер) вели дека американскиот претседател Доналд Трамп не соработувал со Русија за време на својата претседателска кампања во 2016 година, пренесуваат светските медиуми. 

Обвинувањата дека Трамп соработувал со Русите беа присутни во јавноста и ги одбележаа првите две години од неговото преземање на Белата куќа, а неговите сојузници велат дека сознанијата на истагата ги зголемуваат шансите на републиканецот на престојните избори.

Но, во сижето на истрагата, јавниот обвинител Вилијам Бар кажува дека не може да се донесе цврст заклучок за тоа дали Доналд Трамп ја попречувал правдата.

Од една страна, опозициските демократи бараат целосен пристап до информациите од истрагата која засега не е целосно достапна за јавноста, а Трамп пак на Твитер напиша дека обидот за нелегалното преземање на неговата власт не успеал.

И покрај тоа што истрагата на Милер вели дека не може да се донесе заклучок за тоа дали Доналд Трамп ја попречувал правдата, тој истакна дека таа претставува целосно и комплетно негово ослобдување од вината.

Истрагата спроведена од страна на Милер траеше две години, при што неколку пати најблиски соработници на претседателот Трамп беа обвинети, а некои беа и уапсени, иако не во врска со обвиненија за соработка со Русија.

– Специјалниот совет не најде докази дека Американци или претставницни на кампањата на Доналд Трамп официјално соработувале или се координирале со Русија – напиша јавниот обвинител Вилијам Бар.

Претходно, во истрагата на Милер беше на затворска казна беше осуден Пол Манафорт (поранешен прв човек на претседателската кампања на Трамп) за финансиски малверзации, вина признаа Мајкл Коен (поранешен адвокат на Трамп) за финансиски малверзации, Мајкл Флин (национален советник за безбедност) дека ги излажал ФБИ, Рик Гејтс (вработен во кампањата на Трамп) чека пресуда за финансиска измама и лажење на ФБИ, а затворска казна добија и Алекс ван дер Зван и Џорџ Пападопулос за лажење во ФБИ и Ричард Пинедо за крадење на идентитет.

Дополнително, обвинети се и советникот на Трамп кој долги години соработуваше со него, Роџер Стоун, 13 руски државјани (заговор за проневера врз САД) , 12 руски офицери (за хакирање) и Константин Килимник (поранешен помошник на Манафорт) за попречување на правдата.