Човек опремен со копач денеска ја искршил ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп поставена на холивудскиот Булевар на славните.

Инцидентот се случил рано утринава, а полицијата била алармирана од случајни минувачи кои забележале дека од ѕвездата е останат само куп шут и копачот оставен покрај него.

Полицијата информираше дека човекот што го сторил делото подоцна самиот и се предал.

Ѕвездата на Трамп беше искршена и во октомври 2016 година, а воедно повеќе пати беше исчкртана од страна на демонстранти.

Трамп ја доби ѕвездата во 2007 година како признание за успехот на неговото реално телевизиско шоу „Приправникот“.