На жените во Иран ќе им биде дозволено да одат на стадиони и да ја гледаат машката фудбалска репрезентација. Министерот за спорт, Масуд Солтанифар, изјави дека се направени сите неопходни подготовки за да може жените да дојдат на фудбалските стадиони и да следат меѓународни натпревари.

На стадионот „Азади“ во Техеран, кадешто Иран ги игра повеќето од своите натпревари на квалификациите за Светското првенство од следниот месец, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети. Ќе биде ангажирана и дополнителна полиција за да се обезбеди жените да може безбедно да влезат и да го напуштат стадионот.

На жените во Иран веќе четири децении им е забрането да присуствуваат на фудбалски натпревари. Иранка неодамна се запали со бензин кога била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе на фудбалски стадион за да гледа натпревар. Таа се запалила кога сфатила дека може да помине шест месеци во затвор поради направениот прекршок.

Стравотната смрт на 29-годишната Сахар Кодајари, која се запали по приведувањето, ги шокира иранските власти и јавноста. Веста доаѓа во период кога ФИФА работи со иранските власти да се укине за забраната за жени за следење спортски натпревари на стадионите, која е во сила од 1979 година.