Европската Унија соопшшти денеска дека не ги признава резултатите од претседателските избори одржани во Белоруисја на 9 август.

ЕУ наведува дека набргу ќе воведе санкции за оние што се вмешани во изборните измами и сузбивање на протестите, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој на крајот на вонредниот состанок на лидерите на ЕУ изјави дека санкциите ќе бидат воведени кон одреден број поединци одговорни за насилство, репресија и изборни измами, пренесе „Ројтерс“.

На изборите одржани на 9 август претседателот Александар Лукашенко прогласи победа со речиси 80 проценти освоени гласови, а неговиот главен противкандидат, Светлана Тихановскаја, освои приближно 10 проценти од гласовите.