Во близина на луксузниот хотел „Елит“ на плажа во Могадишу експлодирал автомобил бомба, по што дошло до големи престрелки меѓу две страни, соопшти полицијата во Сомалија.

Според информациите од полицијата, во текот на денот се слушала долга размена на оган внатре во новоизградениот хотел, во кој доаѓаат младите од елитните кругови на сомалиската престолнина, пренесува АП.

Засега нема информации за бројот на жртвите од овој напад, кој го прекина повеќемесечното примирје.

Сомалиските муслимански екстремисти, бунтовници ал-Шабаб, поврзани со ал-каеда, често организираат вакви напади во Могадишу.