Најмалку 22 лица загинаа, и уште толку се повредени при серија експлозии и пожар во реон на хемиска фабрика во северната кинеска провинција Хебеј.

Локалните жители се предупредени да не се доближуваат до локацијата. Во пожарот изгореле 38 камиони и 12 автомобили.

Според локалните медиуми, инцидентот бил предизвикан од експлозија на камион натоварен со експлозивни материи. Камионот се наоѓал во колона од автомобили, која се формирала во текот на ноќта на излезот од фабриката.