Спасувачките служби денеска извлекоа 11 преживеани лица од урнатините на зграда во кинескиот финансиски центар Шангај,а се верува дека уште толку се заглавени под нив.

Зградата во провинцијата Шангнинг во Шангај беше во фаза на реновирање кога се урна во доцните утрински часови, затрупувајќи околу 20 лица, соопштија пожарникарите.

Над 150 спасувачи се на местото на настанот, а до рано попладне тие успеаа да извадат 11 преживеани, додадоа пожарникарите.

Засега не се знае зошто зградата се срушила.