Карлос Ледер, некогашната десна рака на познатиот колумбиски шверцер на дрога, Пабло Ескобар, од САД, каде што ја издржувал затворската казна, е екстрадиран во Германија, јави „Шпигел“.

Ледер (70), кој беше еден од водачите на наркокартелот Меделин, предводен од Ескобар, во 70-тите и 80-тите увезуваше неколку тони колумбиски кокаин во САД.

Тој беше екстрадиран денеска во Германија на редовниот лет од Њујорк кон Франкфурт. Шверцерот, познат по прекарот Лудиот Чарли, има привремен германски пасош, наведува „Шпигел“, додавајќи дека таткото на Ледер бил Германец.