Десетици илјади луѓе учествуваа на феминистичкиот протест, одржан синоќа во шпанската престолнина Мадрид.

Демонстрантите протестираа против насилството врз жените.

Протестот беше организиран по пресудата против петмина мажи кои пред две години силувале 18-годишна девојка во Памплона, а кои сепак не беа обвинети за силување, туку полесни злосторства од сексуална природа и добија по девет години затвор.

„Дури сама и пијана, сакам да си дојдам дома”, скандираа демонстрантите. „Улиците се наши и во текот на ноќта”, пишуваше на еден од транспарентите на протестната поворка во Мадрид, која тргна од Министерството за рамноправност и заврши пред зградата на Врховниот суд.

Според организаторите на демонстрациите од асоцијацијата Феминистичко движење во протестот учествувале 50 000 луѓе.