Претходно планираните настани од претседателската кампања на Доналд Трамп, кои предвидуваат учество на американскиот претседател, ќе се движат преку интернет или се привремено одложени откако Доналд и Меланија Трамп беа позитивни на новиот коронавирус.

Привремено се одложени и настаните во кои се вклучени членовите на семејството Трамп.

– Сите други настани во рамките на кампањата ќе бидат разгледани одделно и ќе објавиме соодветно соопштение неколку дена однапред – велат од кампањата на Трамп.