Бројот на жртви во бомбашките напади пред хотел во Могадишу се зголеми на 53, додека 100 луѓе се повредени, соопштија болнички и полициски извори.

Полицискиот претставник Мохамед Хусеин изјави дека многумина се тешко повредени, што предизвикува стравување дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

Пред хотелот во Могадишу во петокот експлодираа четири автомобили-бомби.

Три експлозии одекнаа пред хотелот, а четвртата ги погоди лекарските екипи кои се обидуваа да ги спасат повредените.

Одговорноста за нападот ја презеде исламската екстремистичка група ел-Шабаб.