Британската кралица Елизабета нема да присуствува на климатскиот самит на ОН следната недела во Глазгов, бидејќи ѝ било советувано да се одмори, соопшти вечерва Бакингемската палата.

Во соопштението се наведува дека кралицата извршува „лесни обврски“ во замокот Виндзор.

„ Нејзиното височество со жалење одлучи да не оди во Глазгов на вечерниот дочек в понеделник, 1 ноември“, се наведува во Бакингемската палата.

Кралицата ќе им се обрати на делегатите на самитот преку снимена порака, се додава во соопштението.