Борис Џонсон денеска официјално стана нов премиер на Велика Британија по средбата со кралицата Елизабета во Бакингемската палата.

Тој е 14-ти премиер на Велика Британија кој ќе служи под надлежност на кралицата Елизабета.

Во своето обраќање пред новинарите, Џонсон вети дека земјата ќе излезе од Европската унија до 31 октомври, без оглед на сè.

Тој, исто така, вети дека ќе изврши притисок за решавање на кризата со Иран.

Џонсон ја наследи Тереза Мај, која на 7 јуни поднесе оставка.