Неодамнешните прекршувања на нуклеарниот договор потпишан во 2015 година не се значајни и може да се ревидираат, изјави шефицата за надворешни работи на Европската Унија Федерика Могерини, а пренесе Би-би-си.
– Ги покануваме Иран да ги ревидираат чекорите и да се вратат кон целосно придржување до договорот – изјави Могерини.
Иран го зголеми производството и збогатувањето на ураниумот, кое се користи при создавање на гориво за нуклеарни реактори, но исто така би можело да се користи и за нуклеарни бомби. Овој чекор земјата на Блискиот Исток го презема по засилувањето на санкциите од страна на САД, откако тие се повлекоа од нуклеарниот договор.
Прекршувањата на договорот доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД. Тензијата беше зголемена и со Велика Британија, по запленувањето на иранските бродови од страна на британската војска претходно овој месец, под сомненија дека тие нелегално извезувале нафта во Сирија. Иранските власти ги отфрлија сите обвиненија.
Долгорочниот нуклеарен договор вклучуваше лимитирање на нуклеарните активности на Иран, а за возврат тие добиваа олеснување на економските сакнции, кои силно влијаат врз нивната економија.