Двајца Палестинци загинаа, а еден е повреден во експлозија во една зграда во Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Причината за експлозијата, која се случи само неколку часа по прекинот на огнот договорен меѓу Израел и палестински групи во појасот Газа, сè уште не е позната.
Министерството за здравство прецизира дека загинале татко и син.