Продажбата на нови куќи и станови во Соединетите американски држави (САД) во јули падна за 12,8 проценти, што е еден од главните показатели за состојбата со американската економија.
Причината за падот на продажбата се високите цени и намалената понуда, што ги одбива потенцијалните купувачи. Претставници на Министерството за трговија соопштија дека продажбата на нови куќи и станови по сезонски прилагодена стапка за период од 12 месеци изнесува 635.000 единици, што е намалување во однос на годишната стапка од 728 илјади.
Досега годинава продажбата вкупно пораснала само за 4,1 процент.Недостигот на расположиви куќи, предизвикан од забавената изградба, ги крена цените и ја намали продажбата.