ШАХ – ПОЕДИНЕЧНО ЕП 2025

Четворицата македонски претставници на 25. поединечно Европско првенство (ЕП) во шах, во Ефорие Норд (Романија), во 10-то претпоследно коло на шампионатот го повторија најуспешниот резултат од третото коло и освоија три поени од можни четири (по две победи и ремија). Цел поен освоија интернационалниот мајстор (ИМ) Емил Ристески (2.365, рангиран 183. пред турнирот) со црни фигури против Романецот Матеи Додои (2.172, рангиран 272.) и ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Роберт Велески (2.092, рангиран 309.), исто така, со црни фигури, против Романецот Ремус Радуица (1.746, рангиран 366.).
Своите партии ги ремизираа ИМ Филип Панчевски (2.421, рангиран 152.) со бели фигури на дуелот со велемајсторот (ВМ) од Хрватска Леон Ливаиќ (2.562, рангиран 58.) и ИМ Тони Лазов (2.400, рангиран 167) со бели фигури против ВМ од Словенија Матеј Себеник (2.492, рангиран 100.).
По 10 кола, според дополнителниот критериум, Лазов е 129-ти, Панчевски 139-ти, а Ристески 162., сите со по 5,5 поени, а Велески е 290-ти со четири. На врвот со по осум поени се ВМ од Германија, Матиас Блубаум (2.643, рангиран 17.) и ВМ од Шпанија, Данил Јифа (2.654, рангиран 11.). На ЕП 2025 учествуваат 375 шахисти од 40 држави (100 ВМ, два ЖВМ, 75 ИМ, девет ЖИМ, 72 ФМ, осум ЖФМ). Г.И.