За ФИС безбедноста на спортистите е на прво место и не може да се преговара, вели генералниот секретар на ФИС, Мишел Вион
АЛПСКО СКИЈАЊЕ – ВО НОВАТА СЕЗОНА НА СВЕТСКИОТ КУП
Советот на Интернационалната скијачка федерација (ФИС) потврди дека употребата на воздушни перничиња ќе биде задолжителна за сите спортисти што се натпреваруваат во брзинските дисциплини на алпско скијање во Светскиот куп (СК) од сезонава, пишува ФИС. Национална скијачка асоцијација може да даде исклучоци во случај воздушното перниче да не одговара на спортистот, така што воздушното перниче го ограничува движењето на небезбеден начин.
– За ФИС безбедноста на спортистите е на прво место и не може да се преговара. Тоа беше на врвот на нашата агенда и затоа, на пример, го основавме Одделението за здравје на спортисти во 2023 година. Воздушните перничиња се дел од поширокиот пристап, кој ги вклучува сите фактори што можат да го минимизираат ризикот од сериозни повреди, од знаењето за временските услови и поставувањето на патеката до опремата како облеката отпорна на сечење и паметните врски за скии. Ќе ја прифатиме секоја мерка што е докажано дека помага во заштитата на здравјето и на благосостојбата на спортистите – вели генералниот секретар на ФИС, Мишел Вион.
За време на состанокот, Советот исто така ги потврди извештаите за напредокот, презентирани од сите домаќини на светските првенства од 2025 до 2029 година и одобри технички предлози презентирани од комисиите и од членовите на жирито за сите претстојни големи настани. Н.М.