Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Машката и женската велосипедска трка Тур де Франс ќе почнат во Велика Британија во 2027 година, што ќе биде првпат првите етапи да се одржат во иста држава и година надвор од Франција, пишува „Би-би-си“. Машката верзија на најпознатата велосипедска трка во светот беше делумно организирана во Велика Британија претходно во 1974, 1994, 2007 и во 2014 година. Првиот Тур де Франс за велосипедисти се одржа во 1903 година, а за велосипедистки во 2022 година. Ланската трка за мажи почна во Фиренца (Италија), а трката во 2026 ќе почне во Барселона (Шпанија). Во 2024 година женската трка првпат имаше почеток надвор од Франција, во Ротердам (Холандија). Г.И.