Фото: Федерација на коњички спортови на Македонија

Според план-календарот на Федерацијата на коњички спорт на Македонија, денеска со почеток во 10 часот, клубот за коњички спорт Илинден, на теренот на клубот, на хиподромот во Маџари, ќе гo одржи шестото коло од отвореното Првенство на Македонија во прекокнување на пречки, а утре во истото време и второто коло од Купот на Македонија во прескокнување на пречки.

Денеска на програмата се шест натпревари во класите А, Б, Ц, Д , Е и Е* со височина на пречките од 0,7 до 1,3 метри и ширина до 1.4 метри. Утре пак, се шест натпревари во категории Е, Е*, А*, А** Ц** и М* со височина на пречките од 0,7 до 1,2 метри и ширина до 1.4 метри. Г.И.