Викендов по четврти пат Здружението на велосипедисти „Велоче“ од Прилеп, ја организира манифестацијата од спортски карактер, каде учесниците на истата возеа во три различни маршути во Порече.

Првата маршута почнуваше од село Белица и завршуваше во село Самоков, втората тура од истата појдовна точка преку селата Лаг, Манастирец, Пешна, Локвица и Црешнево, повторно до Белица. И третата и најкратка маршута од село Белица до Пешна.

За отворена оваа манифестација ја прогласи градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески.

– Даваме безрезервна подршка на спортскиот велосипедизам, кој го одбележува овој настан. Општина Македонски Брод започнува со развој и промоција на спортскиот туризам, а ова е токму предвесник за развој на повеќе видови алтернативен туризам, за кој нашиот регион нуди сериозни можности – рече меѓу другото градоначалникот Жарко Ристески и додаде дека Македонски Брод го негува спортскиот дух и забрзано ги менува своите карактеристики.

З.А.