ТЕНИС – ДЕЈВИС-КУП
Камерон Нори го обезбеди пласманот на Велика Британија во групната фаза од финалето на тенискиот Дејвис-куп, со победата над Колумбиецот Николас Мехија и донесе недостижно водство на гостите со 3-1 во Богота, пишува „Би-би-си“. Тоа значеше дека Ден Еванс не требаше да го игра последниот меч со Николас Бариентос. Еванс и Нил Скупски победија во нивниот натпревар во двојки претходно во саботата. Во Дејвис-купот, кој го сметаат за светско првенство за тенисери, рекордни 155 земји влегоа во годинашното издание, со натпревари во 60 земји. Дуелот на Велика Британија и Колумбија беше еден од 11-те квалификациски натпревари минатата недела. Велика Британија се пласира во групната фаза, која ќе се одржи помеѓу 12 и 17 септември на четири терени, каде што ќе им се придружат минатогодишниот победник Канада, второпласираната Австралија, плус селекциите со покана, Италија и Шпанија, пишува „Би-би-си“. Пред мечевите вчера, понатаму се пласираа и САД, Србија, Швајцарија, Франција и Шведска, а уште шест дуели требаше да бидат решени синоќа.