На пример, ширината на рачката добива минимална граница, се имплементираат максимални димензии за големината на кацигата, се зголемува бројот на возачи чии времиња се сметаат за вкупниот резултат на тимот, има промени и во распределбите на поените на трките, се зголеми растојанието на придружните автомобили до велосипедистите, нема веќе ограничување на брзината на помладите возачи…
Од нови технолошки регулативи до ремонт на системот за рангирање се некои од новите правила за друмските велосипедски трки годинава, објави „Сајклингњуз“, кој пишува и дека често има само мали корекции на прописите што го регулираат спортот, но годинава има повеќе промени од вообичаеното.
Така, ширината на рачката добива минимална граница. Аеродинамичката равенка на коефициентот на отпор кажува дека со намалување на фронталната површина на возачот тој може да оди побрзо со истиот напор. Меѓународната велосипедска унија (УЦИ) воведе ограничување на минималната ширина на рачките од 350 мм. Во 2022 година имаше тренд поврзан со големината на кацигата што ја носат возачите на трките на хронометар. Важат истите правила на аеродинамиката; сепак, наместо да ја направат кацигата помала, технолошките експерти на тимовите ја направија поголема. Колку е поголема кацигата, толку повеќе воздух може непречено да отстранува околу остатокот од телото на возачот. Ова кулминира со употреба на чудни шлемови на отворањето на хронометарот на Тур де Франс, пишува „Сајклингњуз“. Но во обид да ги спречи брендовите да прават големи шлемови, УЦИ имплементира максимални димензии за нови шлемови за трки на патишта и на патека.
Вкупниот резултат на тимот досега го сочинуваа поединечните резултати на нивните најдобри 10 возачи во одреден момент. Сега ќе се земаат резултатите од најдобрите 20 возачи. УЦИ најави големи промени и во распределбите на поените, па, на пример, етапна победа на Тур де Франс вредеше 120 поени, но сега вреди 210 поени. Етапните победи на Џиро д’Италија и на Вуелта на сличен начин се зголемија од 100 поени на 180 поени. Наградата за прво место на сите еднонеделни етапни трки на Светската турнеја останува иста, но, вкупно, повеќе велосипедисти ќе добиваат поени, па додека само првите пет се броеја на гранд турите, сега се првите 15…
Тимовите открија дека на трки на хронометар тимскиот автомобил што следи возач може да понуди аеродинамична предност и дека натрупувањето на автомобилот полн со велосипеди може да го подобри тоа. Познати се придобивките од возењето со голем предмет пред вас, но добивате и мала корист од тоа што го имате зад себе, со оглед на мошне комплицираната физика што во основа значи дека автомобилот го турка воздухот напред, пишува „Сајклингњуз“. УЦИ сега го зголеми минималното дозволено растојание помеѓу возачот и автомобилот од 10 на 25 метри, а на тимовите уште им е дозволено да ставаат велосипеди на своите автомобили колку што сакаат, пишува „Сајклингњуз“.
Од другите измени, со години, на помладите возачи им беше ограничена брзината што им е дозволена, но сега веќе не. Средните спринтови, пак, носеа бонус секунди за првите тројца, со три секунди за првиот, две за вториот и една секунда за третиот. Новото правило им дозволува на организаторите на трката да го удвојат тој бонус…