Претседателот на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), Владимир Трпаноски, е избран за потпретседател на Балканската џудо-асоцијација, со мандат од пет години.
Трпаноски ја доби поддршката од најголемиот број на делегатите што учествуваа на состанокот во Кожани, Грција.
Покрај Трпаноски, на состанокот присуствуваше и потпретседателот на ЏФМ, Благоја Гешоски.
Највисоките претставници на ЏФМ присуството во Кожани го искористија за да го проследат и отворањето на Балканското првенство за пионери, како и дел од натпреварите на македонските џудисти што се присутни таму.

Г.И.