Фото: ЕПА

Долго време се поставуваше прашањето кои играчи ќе го преземат машкиот тенис по кариерите на Ѓоковиќ, Надал, кој можеби ќе се пензионира в година, и Федерер, кој од лани е во пензија, кои доминираа во спортот во поголемиот дел аод претходните две децении, пишува „Би-би-си“. Ривалствата на Ѓоковиќ со Федерер, Надал и со Мареј го пленеа тенисот речиси 20 години и се надеваме дека метеорскиот пораст на Алкараз ќе има позитивно влијание врз оние околу истата возрасна група, пишува агенцијата „Ројтерс“. „Мислам дека тој веќе го зеде Синер со себе и ќе го земе и Руне со себе. Роже ги натера Новак и Рафа да помислат „еј, овој човек нема да ни даде ништо, мораме да одиме и да му земеме“ и мислам дека Карлос дефинитивно може да биде тој човек“, изјави за „Ројтерс“ седумкратниот гранслем-шампион Матс Виландер

Деветкратниот шампион во машки двојки на Вимблдон, Тод Вудбриџ, ја опиша победата на Карлос Алкараз во финалето на тенискиот гранслем Вимблдон во дуелот со Новак Ѓоковиќ како „менување на генерациите“.
– Го направив тоа за себе, не за тениската генерација, искрено. Да се победи Ѓоковиќ во неговата најдобра форма, во оваа фаза, да се испише историја, да се биде човек што ќе го победи по 10 години на тој терен, за мене е неверојатно. Но, одлично е и за новата генерација, мислам дека со тоа што ќе видат како победувам ги терам да мислат дека се способни да го направат тоа – изјави Алкараз, пишува „Би-би-си“.
Алкараз е првиот што освоил барем два гранслем-турнира по Швајцарецот Стен Вавринка во 2016 година, првиот освен Ѓоковиќ, Роже Федерер, Рафаел Надал или Енди Мареј што победил на Вимблдон од 2002 година.
– Кој ќе му парира на ова дете во следните неколку години? Тешко е да се види некој – вели победникот на Вимблдон од 1987 година, Пет Кеш.
Долго време се поставуваше прашањето кои играчи ќе го преземат машкиот тенис по кариерите на Ѓоковиќ, Рафаел Надал, кој можеби ќе се пензионира в година, и Роже Федерер, кој од лани е во пензија, кои доминираа во спортот во поголемиот дел од претходните две децении, пишува „Би-би-си“.
Ривалствата на Ѓоковиќ со Федерер и со Надал, како и со Мареј, го пленеа тенисот речиси две децении, откако Ѓоковиќ играше со Федерер 50 пати, од кои 17 на гранслем-турнирите, со Надал во 59 наврати (18) и со Мареј 36 пати (10) и се надеваме дека метеорскиот пораст на Алкараз ќе има позитивно влијание врз оние околу истата возрасна група, пишува агенцијата „Ројтерс“. Италијанецот Јаник Синер (21) го победи Алкараз лани на Вимблдон, но досега стигна до само едно полуфинале на гранслем-турнирите, а годинава загуби од Ѓоковиќ со 0-3. Новиот светски рекет број четири од Данска, Холгер Руне (20), има игра за да формира ривалство со својот поранешен помлад спаринг-партнер Алкараз, а Италијанецот Лоренцо Мусети (21) е друг со потенцијал.
Федерер, Ѓоковиќ и Надал често зборуваат за мотивацијата што секој си ја дал кога летвичката се искачуваше сѐ погоре и погоре. Тие заедно освоија 65 гранслем-титули и треба да се надеваме дека Алкараз ќе најде неколку противници што ќе го поделат товарот додека тенисот преминува во нова ера, пишува „Ројтерс“.
– Мислам дека тој веќе го зеде Синер со себе и ќе го земе и Руне со себе. Роже ги натера Новак и Рафа да помислат „еј, овој човек нема да ни даде ништо, мораме да одиме и да му земеме“ и мислам дека Карлос дефинитивно може да биде тој човек – изјави за „Ројтерс“ седумкратниот гранслем-шампион Матс Виландер. Н.М.