ТЕНИС – ТУРНИР ВО ГРЦИЈА
Ѓорческа е во четврт-финалето
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четврт-финалето на турнирот во Грција (се игра на земјена подлога, за вкупен награден фонд од 40.000 долари), откако во осминафиналето славеше на дуелот со Софиа Рокети од Италија, со 6-3, 6-1, која ја совлада и лани на истиот турнир со 2-0 во сетови. Во дуелот денеска, за пласман во полуфиналето, Ѓорческа (187. на ранг-листата на Женската тениска асоцијација), која е четврта носителка на турнирот, ќе игра со Австријката Синја Краус, која е шеста носителка на турнирот во Грција и со која се сретна пред две години на турнир во Будимпешта (Унгарија), според податоците на Интернационалната тениска федерација (ИТФ). Н.М.
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Сѐ е подготвено за првиот меѓуграничен спуст во Светскиот куп
Интернационалната скијачка федерација (ФИС), по повторливите редовни снежни врнежи во претходните десетина дена, акумулираните снежни наноси и ниските температури, даде дозвола за одржување на првата прекугранична трка во Светскиот куп во алпско скијање, спустот на Цермат-Червинија закажан за 11 и 12 ноември, пишува ФИС. Подготовките за двенеделните трки се во полн ек во сите области.
– Позитивната контрола на снегот ме прави особено среќен за сите луѓе во тимот. Сите заедно ќе работиме за да одржиме врвен настан. Горди сме што го вративме Светскиот куп во скијање во Брејил-Червинија по 46 години, а во Цермат дури моравме да чекаме 56 години за да се вратат најдобрите светски скијачи, во подножјето на Матерхорн – вели Франц Јулен, претседател на локалниот организациски комитет.
Првата меѓугранична трка, за која стартот е во Швајцарија, а целта во Италија, требаше да се одржи лани, но временските услови не го дозволија тоа. Н.М.