Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ – ФИНАЛЕ НА 17. КЛУПСКО СП

Магдебург игра за рекордна титула, а Веспрем за дебитантска

Во финалето денеска Магдебург ќе се обиде да стане првиот тим што четири пати во низа ја освоил титулата светски првак, а Веспрем е дебитант на клупското СП и првпат е финалист
Бундеслигашот Магдебург и дебитантот во ова натпреварување, унгарскиот клуб Веспрем, ќе играат во денешното финале на 17. Светско клупско првенство, кое се игра во Каиро (Египет).
Во полуфиналето Магдебург го победи египетскиот претставник Ал ахли со 28-24, а Веспрем го совлада најтрофејниот клуб во ова натпреварување, шпанска Барселона (пет титули), по продолжението, со 39-34, откако во регуларниот тек беше 29-29. Овој меч го судеа Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Три тима досега го освоија клупскиот мундијал двапати по ред, и тоа Сиудад Реал, Барселона (двапати) и Фуксе Берлин, а Барселона и Магдебург ја освоија титулата трипати во низа. Барселона доминираше помеѓу 2017 и 2019 година, а Магдебург ги освои претходните три изданија и сега има шанса да стане првиот тим што четири пати во низа ја освоил титулата светски првак.
Барселона е најуспешниот тим во историјата на ова натпреварување, но го нема подигнато славеничкиот пехар од 2019 година, откако двапати беше втора, во 2021 и во 2022 година, и трета во 2023 година, притоа губејќи од Магдебург. Мечот за третото место се игра денеска од 16 часот, а за првото од 19 часот. Г.И.

КОШАРКА – ЕВРОЛИГА

Почнува новата сезона, Милано на Димитријевиќ гостува, Париз на Шортс игра дома

Новата сезона, 25-та на Евролигата, а вкупно 68. на најсилното кошаркарско клупско натпреварување во Европа, почнува денеска. Од тимовите со македонски репрезентативци, Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ гостува кај Монако денеска (19 часот), а дебитантот во Евролигата, Париз на Ти Џеј Шортс, игра дома со Црвена звезда, утре (21 ч.).
Денеска на програмата се и мечевите АЛБА Берлин – Панатинаикос (18.45 ч.), Жалгирис – Барселона (19 ч.), Басконија – Партизан (20.30 ч.), Баерн – Реал Мадрид (20.45 ч.) и Макаби Тел Авив – АСВЕЛ (21 ч.), а утре се и средбите Фенербахче – Олимпијакос (19.30 ч.) и Виртус – Анадолу Ефес (21 ч.).
По 34 кола најдобрите шест тима ќе се пласираат во четврт-финалето, а за последните две места меѓу осумте најдобри ќе се решава со плејофот, во кој ќе играат тимовите од седмото до 10-то место. Н.М.

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Холанд се доближува до рекордите на Меси и на Ван Нистелрој

Норвежанецот Ерлинг Холанд го постигна 42-от гол на само 41 настап во Лигата на шампионите (ЛШ), со што напаѓачот на Манчестер сити веќе се доближува до првите десет на листата на стрелци на сите времиња во Лигата на шампионите, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Тој претходно постигна осум гола на шест средби за Салцбург, потоа 15 погодоци на 13 меча за Борусија Дортмунд, како и 19 гола на 22 меча за Манчестер сити, пишува УЕФА.
Рекорди што ги држи Холанд во Лигата на шампионите се тие за најмлад фудбалер што стигнал до 15 гола (на возраст од 20 години и 126 дена), до 20 (20 г., 231 д.), до 25 (22 г., 47 д.), до 30 (22 г., 236 д.), до 35 (22 г., 272 д.), потоа најбрзо до 15 погодока (по 12 одиграни натпревари), до 20 (14), до 25 (20), до 30 (25), до 35 (27) и до 40 гола (35 меча), пишува УЕФА. Следни рекорди во Лигата на шампионите што Холанд може да ги достигне се тој за најмлад фудбалер со 50 постигнати гола (сега рекордер е Лионел Меси, кој го направи тоа на возраст од 24 години и 284 дена) и за фудбалер со најмалку одиграни мечеви и со постигнати 50 погодока (Руд ван Нистелрој со 62 средби), пишува УЕФА.
ЛШ, второ коло: Салцбург – Брест 0-4, Штутгарт – Спарта Прага 1-1, Арсенал – Пари сен Жермен 2-0, Баер – Милан 1-0, Борусија Дортмунд – Селтик 7-1, Барселона – Јанг бојс 5-0, Интер – Црвена звезда 4-0, ПСВ Ајндховен – Спортинг 1-1, Слован Братислава – Манчестер сити 0-4. Синоќа играа Шахтер – Аталанта, Џирона – Феенорд, Астон вила – Баерн, Динамо Загреб – Монако, Ливерпул – Болоња, Лил – Реал Мадрид, Лајпциг – Јувентус, Штурм Грац – Клуб Бриж и Бенфика – Атлетико Мадрид. Н.М.