ИОК соопшти дека ќе „истражи патека“ за руските и за белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални спортисти. Претходно овој месец, Летонија, Литванија, Естонија и Полска го изразија своето противење, пред олимписките комитети на Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска да го следат примерот, пишува „Би-би-си“. Полскиот министер за спорт и за туризам верува дека дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат следните ЛОИ… Околу 18 месеци пред почетокот на натпреварите, ИОК сака да ги смири водите, но, сепак, останува неизвесно прашањето како ќе се одвиваат работите во иднина

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја повика Украина да се откаже од заканите за бојкот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз в година доколку руските и белоруските спортисти се натпреваруваат, пишува „Би-би-си“. Како одговор, пак, спортистите за Украина го обвинија Интернационалниот олимписки комитет дека е „на погрешната страна од историјата“. Украина се надева дека ќе добие меѓународна поддршка за забрана на учество на спортисти од двете земји поради руската инвазија, пишува британски „Би-би-си“.
ИОК соопшти дека ќе „истражи патека“ за руските и за белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални спортисти. На тоа министерот за спорт на Украина, Вадим Гутсаит, кој е претседател на Олимписки комитет на Украина, одговори дека земјата може да ги бојкотира Игрите во Париз, а неколку други европски земји оттогаш, исто така, повикаа да се подржи забраната. Бах смета дека заканата со бојкот е „прерана“ оти ИОК „уште конкретно не разговарал за учество на руски и белоруски спортисти како неутрални“. Бах понатаму вели дека украинските спортисти имаат „едногласна поддршка“ од олимпиското движење и дека „сите ги чувствуваме болката и страдањето на украинскиот народ во оваа сурова војна“, пишува „Би-би-си“.
Претходно овој месец, Летонија, Литванија, Естонија и Полска го изразија своето противење на вклучувањето спортисти од Русија и Белорусија, пред олимписките комитети на Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска да го следат примерот, пишува „Би-би-си“. Полскиот министер за спорт и за туризам верува дека дури 40 земји би можеле да ги бојкотираат следните ЛОИ, со што целиот настан ќе биде „бесмислен“. Градоначалничката на Париз, пак, Ана Идалго, не сака Русија да се натпреварува на ЛОИ 2024 додека трае војната во Украина. Владата на Обединетото Кралство го осуди планот на ИОК, пишува „Би-би-си“. Анет Третебергстуен, норвешката министерка за култура и еднаквост, исто така, рече дека е „премногу рано“ да се размислува за бојкот, но додаде дека е „чудно и провокативно“ за ИОК да размислува да им дозволи на руските спортисти да се натпреваруваат, пишува „Ројтерс“.
Околу 18 месеци пред почетокот на натпреварите, ИОК сака да ги смири водите за да не ја загрози пораката на Игрите за глобален мир и да донесе огромен удар на приходите, пишува „Ројтерс“. Сепак, останува неизвесно прашањето како ќе се одвиваат работите во иднина. Г.И.