Животни

Невремиња: Кучињата се способни да почувствуваат невреме. Луѓето што имаат кучиња сигурно го забележале тоа. Кучето почнува да лае или да се гушка во скутот на сопственикот пред да дојде лошото време. Без разлика дали станува збор за бура или за грмежи, кучињата се мајстори во предвидувањето на времето.
Земјотрес: Според сеизмолозите, кучињата можат да го почувствуваат електричниот сигнал генериран од движењето на карпите под земја. Кога земјотресот ја погоди Јапонија, во почетокот на 2011 година, луѓето беа сведоци на необичното однесување на кучиња, слонови и други животни пред земјотресот.
Опасност: Кучињата се многу чувствителни на феромони за кои не сме свесни. Тоа е причината зошто можат да предвидат можна опасност. Тие можат да ги откријат намерите на личноста со која се среќаваме со забележување суптилни изрази на лицето и говор на телото.
Разни болести: Истражувањата покажаа дека ткивото на ракот ослободува специјални хемикалии што се разликуваат од нормалното ткиво, а кучињата се изненадувачки добри во разликувањето на малигното и нормалното ткиво. Во една студија, обучен лабрадор ретривер успеал успешно да открие рак на дебелото црево кај луѓето со повеќе од 90 проценти точност.
Бременост: Иако нема конкретни научни докази кои потврдуваат дека кучињата се способни да почувствуваат бременост, тоа го докажуваат голем број примери. Способноста на кучето да го чита говорот на човечкото тело, мирисот и однесувањето му помага да открие бременост.