ТЕНИС – ВИМБЛДОН

Британскиот тенисер Лијам Броди (29) го направи досега најголемото изненадување на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон, откако во второто коло го елиминира четвртиот играч на светот Каспер Руд со 3-2 во сетови (6-4, 3-6, 4-6, 6-3, 6-0), во меч што траеше 210 минути. Броди, кој е 142-от играч на АТП-листата, во следното коло ќе игра против Канаѓанецот Денис Шаповалов. Успехот е дотолку поголем што Броди на Вимблдон влезе да се натпреварува со специјална покана на организаторот.

Во Лондон е елиминиран и Американецот Тејлор Фриц, кој беше деветти фаворит на Вимблдон. Подобар од него во второто коло беше Швеѓанецот Микаел Имер, кој иако рангиран 59-ти, славеше со 3-2 во сетови (3-6, 2-6, 6-3, 6-4, 6-2).
Г.И.