Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Словенецот Примож Роглич израмни рекорд откако четврти пат победи на велосипедската грантур-трка Вуелта во Шпанија, колку што има и Шпанецот Роберто Херас, кој славеше во 2000, 2003, 2004 и во 2005 година. Роглич на оваа трка победи и во 2019, 2020 и во 2021 година. Тој има триумф и на Џиро д’Италија, во 2023 година, и со вкупно пет титули на најголемите велосипедски трки се израмни на осмото место со Италијанците Алфредо Бинда, Џино Бартали и Феличе Џимолди. На таа листа води Белгиецот Еди Меркс со 11, а двоцифрен број трофеи на грантур-трки има и Французинот Бернар Ино, 10. Годинава на трите грантур-трки победија велосипедисти од Словенија, откако Тадеј Погачар славеше на Џиро д’Италија и на Тур де Франс. Н.М.


НАЈМНОГУ ТРИУМФИ НА ВУЕЛТА
Роберто Херас (Шпанија) 4
Примож Роглич (Словенија) 4
Алберто Контадор (Шпанија) 3
Тони Ромингер (Швајцарија) 3
Крис Фрум (В. Британија) 2
Бернар Ино (Франција) 2

НАЈУСПЕШНИ НА ГРАНТУР-ТРКИ
Еди Меркс (Белгија) 11
Бернар Ино (Франција) 10
Жак Анкетил (Франција) 8
Алберто Контадор (Шпанија) 7
Крис Фрум (В. Британија) 7
Фаусто Копи (Италија) 7
Мигуел Индураин (Шпанија) 7
Алфредо Бинда (Италија) 5
Џино Бартали (Италија) 5
Феличе Џимолди (Италија) 5
Примож Роглич (Словенија) 5