Почна пријавувањето на најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија, „Визер скопскиот маратон“, која годинава ќе се одржи на 1 октомври, соопштија организаторите. Маратонот, кој е 19-ти по ред, е сертифициран од страна на АИМС и Светската атлетика.
Маратонската трка е дел квалификациските трки за Светското првенство (СП) во старосни категории, со што можат да се освојуваат поени за рангирање во соодветните возрасни категории, а најдобрите во светот и да обезбедат учество на СП во возрасни категории, кое ќе се одржи во Чикаго годинава.
Натпреварувачите ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетната маратон-трка „ЕУ со тебе“ и трката на 5 км. Првиот рок на пријавување е до 15 мај, додека последниот е на 20 септември. Г.И.