Сензационалната победничка на САД Опен, Британката Ема Радукану и се Енди Мареј елиминирани во второто коло на првиот гранслем-турнир сезонава Австралија опен. На патот на Радукану застана Црногорката Данка Ковачиќ, совладувајќи ја со 6-4, 4-6 и 6-3 во сетови, додека пак, Мареј беше елиминиран од Јапонецот Даниел Таро со 4-6, 4-6 и 4-6 во сетови. Освен за Радукану и Мареј, Австралија опен заврши вкупно за 22 носители меѓу тенисерите и тенисерките во Мелбурн.
Кај тенисерите во досегашниот тек од натпреварувањето елиминација доживеаа Хуберт Хуркаш (10 носител), Камерон Норие (12), Диего Шварцман (13), Николас Басилашвили (21), Џон Иснер (22), Григор Димитров (26), Хуго Хумберт (29), Лојд Харис (30). Претходно, поради одземена виза, елиминација доживеа првиот носител и најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а поради повреда турнирот го напушти осмиот носител Каспер Руд.
Кај тенисерките пак, елиминирани се третата носителка Гарбиње Мугуруза, Анет Контавеит (6), Софија Кенин (11), Анџелик Кербер (16), Ема Радукану(17), Коко Гауф (18), Петра Квитова (20), Белинда Бенчиќ (22), Лејла Фернандез (23) и Сара Сорибес Тормо (32). Поради повреда елиминација доживеа Тунижанката Инс Џебеур.
Во отсуство на Ѓоковиќ, улогата на прв фаворит ја има Русинот Данил Медведев, кој ќе го симне Србинот од првото место на АТП-листата доколку стигне до триумф на Австралија опен.