На турнирот во Биелина настапија повеќе од 600 натпреварувачи, од 60 клуба од 11 држави

ЏУДО – „ТРОФЕЈ ПАНТЕР“

Џудистите на клубот Дрим од Струга постигнаа голем успех на меѓународниот турнир „Трофеј Пантер“, кој веќе седма година се одржува во Биелина (БиХ), притоа освојувајќи вкупно осум медали. Од нив три се златни, еден сребрен и четири бронзени, во конкуренција на повеќе од 600 џудисти, од 60 клуба од 11 држави. Притоа џудистките Елеонора Јосифоска, Мила Стојмиловска и Анамарија Стојмиловска освоија по два медала, но во различни категории.
Во гимназиската сала во Биелина, со најсјајниот медал се закитија, во возрасната категорија до девет години, Мила Стојанова (тежинска категорија до 34 кг), а до 11 години најуспешни беа Давид Спироски (до 42 кг) и Елеонора Јосифоска (до 34). Бронзените медали им припаднаа, во возрасната категорија до 13 години, на Мила Стојмиловска (до 44 кг) и на Елеонора Јосифоска (до 36 кг), а до 15 години на Мила Стојмиловска (до 44 кг). Во кадетска конкуренција стружани освоија два медала, и двата ги освои Анамарија Стојмиловска, сребро (до 48 кг) и бронза (до 52 кг). Г.И.