КАРАТЕ – ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА КАДЕТИ И ЗА ЈУНИОРИ
Во Гостивар се одржа Првенството на Македонија за кадети, јуниори и постари јуниори (до 21 година), кој наедно беше и филтер за состав на репрезентација на Македонија што ќе настапи на Европското првенство во Ларнака (Кипар) во 2023 година. На првенството беа пријавени 206 каратисти од 40 клуба, а најмногу први места освоија клубовите Олимпик спорт и Макпетрол, по седум медали, од кои по пет златни и по две сребрени. Следуваат Форца со 16 медали (4-3-9), Штип со осум (3-3-2), Гладијатор со осум (3-2-3) итн. Г.И.