Вкупно 37 уметнички дела создадени од седум олимписки уметници се претставени пред меѓународна публика во Париз за време на Игрите, а олимпијците зад уметничките креации се Лук Абало (Франција, ракомет), Рене Консепсион (Филипини, пливање), Анабел Ејрс (Велика Британија, веслање), Грејс Лац (САД, веслање), Енцо Лефорт (Франција, мечување), Бруклин Мекдугал (Канада, брзо лизгање) и Клементин Стони Маконахи (Австралија, пливање)
Враќајќи се на Олимписките игри како уметници, седум олимпијци изложуваат оригинални уметнички дела инспирирани од спортот и олимписките вредности како дел од Програмата за олимписки уметници во Париз (Франција), пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
На Летните олимписки (ЛОИ) и Параолимписки игри (ПОИ) во Париз вкупно 37 уметнички дела создадени од седум олимписки уметници, вклучувајќи слики во масло, фотографии, исечоци од хартија, колажи со мешани медиуми, скулптури и јорган направен од рециклирана ткаенина, се претставени пред меѓународна публика во Париз пред свеченото отворање на Игрите, објави ИОК.
Олимпијците зад уметничките креации се Лук Абало (Франција, ракомет, учесник на Игрите во Пекинг во 2008 година, Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2020), Рене Консепсион (Филипини, пливање, во Сеул 1988), Анабел Ејрс (Велика Британија, веслање, Барселона 1992), Грејс Лац (САД, веслање, Рио 2016), Енцо Лефорт (Франција, мечување, Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2020), Бруклин Мекдугал (Канада, брзо лизгање, ЗОИ Пекинг 2022) и Клементин Стони Маконахи (Австралија, пливање, Сиднеј 2000), пишува Интернационалниот олимписки комитет.
Изложбата е дел од програмата Олимписки уметници предводена од ИОК преку Олимпискиот музеј. Сѐ почна во 2018 година, програмата ги промовира креативните таленти на олимпијците и на параолимпијците и ги поканува да ги произведуваат и презентираат своите уметнички креации за време и помеѓу изданијата на Олимписките игри. Н.М.