Можно ли е да победите во одбојкарски натпревар во кој губите со 0-2 во сетови и со 20-24 во третиот сет? Секако дека можете! Ваков несекојдневен подвиг постигнаа одбојкарките на Бостик од Бјелско-Бјала во полската лига. Овој несекојдневен натпревар се одигра во понеделникот, при што Бјелско-Бјала беше домаќин на тимот Радом.
Домаќинот се мачеше, но го сврти резултатот по негативата од 0-2 во сетови и 20-24 во третиот сет. Бостик го доби третиот сет со 27-25, а потоа и следните сетови со 25-17 и 17-15 за да оствари триумф, покажувајќи дека во одбојката сѐ е можно! Тимот од Бјелско-Бјала оваа сезона освен во полската лига настапува и во европскиот ЦЕВ куп и веќе ги постигна првите успеси. Во првото коло го совлада унгарскиот Свителски Бекешчаба, а во следното коло играше против уште една полска екипа – Хемик полис.
– Учеството во Купот на ЦЕВ по десет години пауза за нас е голем престиж, но и уште една фаза од развојот на клубот и интересно искуство – вели Александра Јагиело, двократна европска одбојкарска шампионка, а моментно претседателка на клубот од Бјелско-Бјала.
Враќањето на одбојкарите на Бјелско во европските купови претставува повод за Бостик Бјелско-Бјала да ги промовира градот и Полска на меѓународната сцена, не само преку одбојкарската игра.
– Покрај промоцијата на одбојката, сакаме да нагласиме и од кој град и земја доаѓаме. Се обидуваме да покажеме дека Бјелско-Бјала и Полска се убави места за одмор. Бјелско-Бјала не е само убав град со интересна историја, туку и област која вреди да се посети поради својот пејзаж. Планинскиот венец Бескиди е одлично место за одмор од мноштвото секојдневни обврски. Тоа го ценат и одбојкарките кои во деновите слободни од тренинзи можат да одат на прошетка до Климцок, Блатна или Козија Гора (планински врвови – н.з.), или со жичница до Шинџиелнија – додава претседателката.
Екипата на Бјелско-Бјала заврши на четвртото место во минатогодишното издание на полското првенство во одбојка. Најдобрата одбојкарка од Естонија – Керту Лаак, искусната Бразилка Реџане Бидиас и полските репрезентативки Јулија Новичка, Јоана Пачак и Паулина Дамаске.
Интересно, за овој клуб во минатото играше и Јоана Волош, моментно една од најдобрите светски одбојкарки на позиција техничар, како и Дорота Швиениевич, избрана за најдобра одбојкарка во Европа во 2005 година.
Комерцијална објава