На меѓународниот натпревар во Софија (Бугарија), во конкуренција на повеќе од 600 натпреварувачи, во организација на џудо-клубот Локомотив, Миоки учествуваше со седум натпреварувачи и освои пет медали, и тоа два златни, три сребрени и еден бронзен. Во категоријата до 18 години, Ива Богдановска (до 57 кг) го освои првото место, Георгина Блажеска (до 44 кг) второто, Азра Заими (до 48 кг) третото место, во категоријата до 13 години, Нина Панчевска (до 36 кг) и Емилија Паскоска (до 40 кг) беа втори, а во категоријата со 11 години, Виктор Трчков (над 46 кг) го освои првото место.