Фото: Струга онлајн

Шах – Во Струга се одржа регионалното училишно првенство „Езерска кралица 2023“

Во Стру­га, во пре­пол­на­та спорт­ска са­ла во ПУ „Јах­ја Ке­мал“ се одр­жа пр­во­то регионално учи­лиш­но пр­венс­тво во шах „Езер­ска кра­ли­ца 2023“, на кое учес­тву­ваа око­лу 120 де­ца од ос­нов­ни­те учи­ли­шта од оп­шти­ни­те Стру­га, Охрид, Вев­ча­ни и Дебарца, кои, пак, беа по­де­ле­ни во че­ти­ри ка­те­го­рии (8, 10, 12 и 14 год.). Тур­ни­рот го ор­га­ни­зи­ра­ше Мла­дин­ска­та ша­хов­ска шко­ла – Стру­га, во со­ра­бо­тка со ШК Ла­скер од Охрид, а со тех­нич­ка и ло­ги­стич­ка под­др­шка на ПУ „Јах­ја Ке­мал“ од Стру­га. Се играа се­дум ко­ла со вре­мен­ско тем­по од 10 ми­ну­ти плус пет се­кун­ди за се­кој оди­гран по­тег по играч.

– Ова бе­ше нај­го­ле­мо­то ре­ги­о­нал­но учи­лиш­но пр­венс­тво во шах ор­га­ни­зи­ра­но во Струга. Ка­ко ор­га­ни­за­то­ри иска­жу­ва­ме го­ле­ма бла­го­дар­ност до ло­кал­ни­те са­мо­у­пра­ви на че­ти­ри­те оп­шти­ни, до при­ват­ни­те ком­па­нии и до си­те што по­мог­наа во ор­га­ни­за­ци­ја на овој го­лем ша­хов­ски на­стан. По­ра­ди го­ле­ми­от ин­те­рес за учес­тво на де­ца и од дру­ги оп­шти­ни, за след­на­та го­ди­на раз­мис­лу­ва­ме тур­ни­рот да пре­рас­не во на­ци­о­на­лен – ни изја­ви ди­ре­кто­рот на тур­ни­рот Ѓо­ко Ко­те­ски.

Во ка­те­го­ри­ја­та до 14 го­ди­ни по­бе­ди Лу­ка Си­мо­но­ски од ПУ „Јах­ја Ке­мал“ од Стру­га со 4,5 по­е­ни. На дел­ба од вто­ро до пет­то ме­сто за­вр­ши­ја Ива­на Вел­ко­ска и Куз­ман Ба­ба­че и двај­ца­та од ОУ „Гри­гор Пр­ли­чев“ од Охрид, Мар­тин Би­ра­цо­ски од ОУ „Брат­ство единство“ од Охрид и Ге­ра­сим Кум­ба­ро­ски од ОУ „Јо­сип Броз-Ти­то“ од Стру­га, си­те со по чети­ри по­е­ни.

Во ка­те­го­ри­ја до 12 го­ди­ни нај­до­бар е Јо­ван Пу­ро­ски од ОУ „Св. Кли­мент Охрид­ски“ со 4,5 по­е­ни, втор е Фи­лип Це­ле­ски од ОУ „Св. Кли­мент Охрид­ски“ од Охрид исто та­ка со 4,5 по­е­ни, а трет е Па­вел Ми­ше­ски од ОУ „Св. На­ум Охрид­ски“ од Охрид со че­ти­ри поени.

Во ка­те­го­ри­ја до 10 го­ди­ни сла­ве­ше Мех­мед Хам­за од ОУ „Брат­ство единс­тво“ од Охрид, пред Јо­ва­на Ко­ту­ше­ска од ОУ „Гри­гор Пр­ли­чев“ од Охрид и Кли­мент Ко­ва­че­ски од ОУ „Св. Кли­мент Охрид­ски“ од Охрид, си­те со по 4,5 по­е­ни.

И во ка­те­го­ри­ја­та до осум го­ди­ни пр­во­то ме­сто го по­де­ли­ја Але­ксан­дар Стој­ко­ски од ОУ „Јо­сип Броз-Ти­то“ од Стру­га и Ре­џеп Актан од ОУ „Брат­ство единс­тво“ од Охрид, и двајца­та со по 4,5 по­е­ни. На дел­ба на вто­ро­то ме­сто се Трај­че Нел­ко­ски и Олег Гогоски, и двај­ца­та од ПУ „Јах­ја Ке­мал“ од Стру­га со по че­ти­ри по­е­ни. Трет за­вр­ши Дам­јан Чо­ба­нов од ОУ „Гри­гор Пр­ли­чев“ од Охрид со три по­е­ни. Г.И.

Фото: Струга онлајн