Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат е победник на Скопскиот маратон. Тој претпладнево патеката долга 42 километри низ улиците на македонската метропола ја истрча со време 2 часа 18 минути и 19 секунди.
Втор беше Македонецот Дарио Ивановски со време 2:23,07 часа, а трет Никола Илиевски со резултат 2:43,28 часа.
Во женска конкуренција победи Кетрин Черотич од Кенија со време 2:38,48 пред македонската атлетичарка Билјана Кираџиева која на целта стигна по со време 3:04,49 часа. Трета е Тамара Попов со време 3:23,00.
Во полумаратонот (21 километар) најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Жан Тошев во машка конкуренција.
Традиционално, Редакцијата на „Нова Македонија“ и годинава имаше свои претставници на Скопскиот маратон, во новинарката Сања Јачевска и ликовно-графичкиот уредник Гоце Цветаноски, кои настапија во полумаратон.

