Фото: ЕПА

АТП ги објави кандидатите за наградите за играч што најмногу напредувал во годината, наградата за спортски дух „Стефан Едберг“, потоа за ѕвезда во подем, за играч што успешно се вратил по повреда и за тренер што најмногу им помогнал на играчите да стигнат до повисоко ниво

ТЕНИС – АТП ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРИЗНАНИЈАТА ЗА 2023 ГОДИНА

Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) ги објави номинациите на награди во повеќе категории за 2023 година, а италијанскиот тенисер Јаник Синер е номиниран во две категории.
Така, тој е кандидат за наградата за играч што најмногу напредувал во годината, во која се искачи на четвртото место на ранг-листата на АТП и освои четири титули од седум финалиња. Во оваа категорија се номинирани и Матео Арналди, Кристофер Јубанкс и Бен Шелтон. За 2022 година таа награда ја доби Карлос Алкараз.
Синер е номиниран и за наградата за спортски дух „Стефан Едберг“, за која конкурираат и Карлос Алкараз, Григор Димитров и Хуберт Хуркач. Лани таа награда ја доби кај Каспер Руд.
Во конкуренција за ѕвезда во подем се играчи што првпат влегле меѓу најдобрите 100 на АТП-листата и оставиле најголем белег на турнирите во сезоната, а номинирани се Флавио Коболи, Артур Филс, Алекс Микелсен, Доминик Стрикер и Лука ван Аш. Холгер Руне го доби признанието за минатата година.
Кандидати за наградата за играч што успешно се вратил по повреда меѓу најдобрите на АТП-турнирите се Доминик Кепфер, Гаел Монфис, Јан-Ленард Штруф и Александер Зверев. Лани таа награда ја доби Борна Чориќ.
И во категоријата за тренер што најмногу им помогнал на играчите да стигнат до повисоко ниво во 2023 година се номинирани Крег Бојнтон (тренер на Хуберт Хуркач), Дарен Кејхил и Симоне Вагноци (Јаник Синер), Горан Иванишевиќ (Новак Ѓоковиќ), Брајан Шелтон (Бен Шелтон) и Хуан Карлос Фереро (Карлос Алкараз), кој ја доби оваа награда во минатата година.
Сите награди се одредуваат со гласање на Меѓународната асоцијација на тениски новинари, а таа за тренер на годината ја избираат АТП-тренерите.
Наградените за годинава ќе бидат објавувани од 11 декември. Г.И.