ШАХ – РАНГ-ЛИСТИ НА ФИДЕ
Турнирот на кандидатите донесе значителни промени во пласманот на најдобрите 10 во светот, објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Меѓу другите, Домарју Гукеш (освои 20 рејтинг-поени) и Тан Жонгји (плус 19 рејтинг-поени) истовремено се искачија на шестите места на ранг-листите на ФИДЕ, откако победија на турнирите на кандидатите, за мажи, односно за жени. И двајцата стигнаа до своите најдобри позиции во кариерата, пишува ФИДЕ на својата интернет-страница.
На врвот на листата на ФИДЕ за шахисти и понатаму се наоѓа Магнус Карлсен (2.830 поени), а потоа се Фабиано Каруана (2.805), Хикару Накамура (2.795), Јан Непомнијашчи (2.770), Нодирбек Абдусаторов (2.766), Домарју Гукеш (2.764), Лирен Динг (2.762), Арјун Еригаиси (2.762), Весли Со (2.757), Ји Веи (2.755)…
Водечка на рангирањето на Светската шаховска федерација за шахистки е 1 Хоу Јифан (2.633), а потоа следуваат Ју Веннјун (2.560), Леи Тинџие (2.548), Александра Горјачкина (2.545), Хампи Конеру (2.545), Тан Жонгји (2.541), Катерина Лагно (2.532), Марија Музичук (2.510), Џагниџе Нана (2.506), Ана Музичук (2.505) итн. Н.М.